Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено.



Утрово активни се 13, врз коишто од рани зори противпожарно се дејствува по земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји кои испратија противпожарни летала како помош во кризната состојба заради пожарите од поголеми размери во Македонија.

Директорот на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов ги повика градоначалниците да го преземат својот дел од обврските при гаснењето на пожарите.

Тој синоќа се сретна со градоначалниците во погодените подрачја да ги потсети на обврските кои ги имаат за поуспешно справување со огнената стихија.