Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ на економскиот форум во Атина не го прифати словенечкиот предлог балканските држави „во пакет“ да се приклучат на групата.
Милатовиќ рече дека Црна Гора треба да биде 28-та членка на ЕУ во 2028 година.
„Од десетте земји кандидати за членство во ЕУ, Црна Гора е економски најнапредна, го користи еврото од 2001 година. Со земјата моментално управува нова генерација политичари, па сега целта ни е да станеме 28-та земја-членка на Европска Унија“ – изјави Јаков Милатовиќ.
Според Милатовиќ, војната во Украина послужила како повик за будење, бидејќи веќе се разбира дека проширувањето на ЕУ е поврзано и со безбедноста на европскиот континент.






