По триумфот над Словенија на стартот од натпреварите во групата Ц од Европското ракометно првенсто, македонските „лавови“ денеска се соочуваат со Црна Гора, која делува далеку послабо од првиот противник, но никако не е за потценување, а мора да се победи и веднаш да се обезбеди пласман во следниот групен сегмент, од кој се добиваат полуфиналистите.
Дуелот Македонија – Црна Гора е од 20:30 часот и се игра во Загреб, односно во „Арена“, која засега ни е добитна комбинација.
„Чувството стекнато од победата со Словенија е извонредно, но сега се фокусираме на Црна Гора. И тие се квалитетна репрезентација, а поразот од Германија не е реална слика за нив. Мислам дека ќе дадат 200 отсто против нас, бидејќи за нив ова ќе биде меч да се биде или не“, вели Гоце Георгиевски, кој во саботата даде само еден гол
„Одбраната на Црна Гора е поинаква од онаа на Словенија. Тие играат повисока одбрана 3-3 или 3-2-1, на која ние не сме навикнати и треба добро да се подготвиме за неа. Тие ќе имаат голема мотивација, треба да влеземе со почит кон нив, имаат одличен состав и овој натпревар и за нас и за нив е како финале“, порача селекторот Раул Гонзалес.





