БПЦ да направи исчекор кон МПЦ-ОА, бара бугарски теолог

Бугарскиот професор, филозоф и теолог Калин Јанакиев, смета дека „заедничко сослужение на светата Литургија (Евхаристија) од претставниците на Бугарската православна црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија е првиот чекор во вистинската насока, а посетата на бугарски митрополити во Република Македонија би претставувал –  знак.



По вчерашното интервју за БГНЕС на митрополитот струмички, владиката Наум кој бара заедничко одржување на света литургија на претставници од двете цркви, Јанакиев за истата агенција вели дека тоа„би било јасен знак дека всушност се оди кон некакво решавање на ситуацијата на МПЦ-ОА, за која Светиот Синод правилно изјави дека нејзиното канонските признавање може да се добие само при општа согласност на православните цркви. Иницијативата треба да ја води Софија“.

„Тоа ќе биде знак дека ангажманот е сериозен. Влегувањето во евхаристиската заедница е можно да се изврши од една … православна црква, но канонското признавање на МПЦ-ОА е добро да се изврши од сите“.

Ова ќе биде тежок процес поради позицијата на српската црква и национализмот во Грција, кој, исто така, ги опфаќа црковните кругови. Ова го видовме многу добро за време на митинзите во Атина и Солун, кои се израз на радикален национализам, вли за БГНЕС, Јанакиев.

Духовните лидери во православието имаат духовни водачи. Еден од нив е албанскиот архиепископ Анастасиј, кој успеа, буквално од никаде, да ја вознобови православната заедница во Албанија, каде за време на комунизмот верата беше забранета.

Во претежно муслиманска земја, тој успеа да создаде силна православна заедница, да се појави како една од водечките теолошки личности… Покрај него во балканските православни земји има и други богослови кои можат да претендираат да станат  духовни водачи, но факт е дека такви личности се недоволни, порачува професорот Калин Јанакиев.