„Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“


Под слоганот, „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“ денеска во Скопје се одржа Марш за женските права по повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените – 8 Март.



Маршот го организираше Платформата за родова еднаквост, во која се обединети триесетина невладини организации. Започна од плоштадот „Скендербег“, а заврши во паркот „Жена борец“ спроти на Собранието во центарот на главниот град. Попатно, учесниците поминаа и пред Владата. И пред владината и пред зградата на парламентот тие оставија црвено платно кое, како што рекоа, ја симболизираат црвената линија дека нема преговарање за правата на жените.

„За женски права не се преговара“, „Преку глава од немање права“, „Жени, живот, слобода“, „Уа за фашизмот, уа за патријархатот“, беа дел од слоганите што ги извикуваа учесниците кои побараа и правата на жените да не се користат за политички предизборни ветувања.

Организаторите порачаа дека оваа година маршираат и за „солидарност со жените во Газа“ – што како слоган неколкупати го скандираа, а беше и една од пораките на десетината транспаренти.

Линк до целиот текст:

https://www.slobodnaevropa.mk/a/32854295.html