Ципрас под притисок „да ги ослободи“ бегалците од островите

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е под силен притисок да ги ослободи бегалците кои што со месеци се сместени на грчките острови во очекување на азил во некоја европска земја.



Во писмото потпишано од најмоќните светски хуманитарни организации од Ципрас се бара да го запре „притворот“ за барателите на азил на грчките острови поради невозможните услови за живот таму.

Повеќе од 13 илјади бегалци најголем дел од нив Сиријци и Ирачани живеат во 5 кампови на островите во Егејот а во некои од камповите во моментов живеат три до четири пати повеќе луѓе од првично планираното. Во нив нема елементарни услови за живот а барателите на азил се во тешка ментална ситуација се вели во писмото поптишано од Амнести Интернешнл, Хјуман Рајтс Воч, ИРЦ, и Оксфам.

Бегалците согласно грчките закони не им е дозволено патување кон копното а тие кои што нема да добијат азил ќе бидат протерани назад што ја зголемува тензијата во камповите.

Зголеменито прилив на бови баратели на азил дополнително ја зголемува мизеријата во камповите пишува агенцијата Ројтерс.

Според хуманитарните организации некои од бегалците на островите живеат речиси 20 месеци во очекување на финална одлука за нивната судбина. 

Минатата година во Грција пристигнале 23 илјади луѓе а грчките власти најавија дека наскоро ќе префрлат околу 2000 луѓе од островите Самос и Лезбос на копно што нема да ја промени хаотичната состојба пред почетокот на зимата.

Ситуацијата е најтешка за голем број на бремени жени кои што ќе треба зимските месеци да ги минат во тенки шатори кои не се прикладни за зимски услови.