Премиерот Алексис Ципрас изјави дека целта на владата е да утврди национална политика за тековните преговори меѓу Атина и Скопје за името на Поранешната Југословенска Република Македонија  за време на состанокот со претседателот Прокопис Павлопулос во претседателската палата.



Во кратките коментари пред камерите, Ципрас синоќа изјави дека во владат има различни ставови за тоа како да се реши спорот со пЈРМ, но ја отфрла политиката на помалите партии, пренесе АНА-МПА.

„Ќе се справиме со ова прашање во клима на издржан дијалог и трезвеност. Покрај се, надворешната политика на земјата има континуитет и тоа продолжуваме да го почитуваме и прошируваме и денес и утре”, рече тој за прашањето за името.

„Мислам дека е позитивно и знак на добра волја дека името на аеродромот и автопатот што ги поврзуваат двете земји ќе бидат преименувани, бидејќи тоа е клучно прашање. Сите ние имаме голема чувствителност. Никој не може да ја припише историјата на друг. Во наредниот период ќе инсистираме на интензивирање на нашите напори“, рече тој.

Според грчкиот премиер овие прашања биле блокирани и ја оптоварувале надворешна политика.

Претседателот Павлопулос, исто така, ги коментираше тековните преговори за името, истакнувајќи дека елиминирањето на иредентизмот не е само проблем за Грција, туку и за ЕУ.

„Патот на пЈРМ кон ЕУ поминува низ елиминација на иредентистички елементи кои беа присутни и во минатото“, а рекол грчкиот претседател според кој тоа било видливо за сите, „дури и од САД, кога беше формиран тој дел од Југославија”.

Ние имаме добрата волја, но ги браниме нашите национални интереси меѓународното право и европските вредности рекол Павлопулос.

Грчкиот премиер и лидер на Сириза, денес ги почнува поединечните средби со лидерите на другите партии.