Главниот советник на турскиот претседател Ердоган, Јигит Булут порача дека секој грчки функционер кој би се осмелил да стапне на спорната група острови Имиа, ќе почувствува турски гнев многу пострашен од оној во Африн (сириски регион каде турската армија спроведува жестока офанзива против сириските Курди н.з).
-Ќе му ги скршиме нозете и рацете на премиерот Ципрас и на секој грчки функционер кој ќе се осмели да дојде на Имиа – изјави Булут за Турската државна телевизија.
Оваа, најблаго кажано, недипломатска реакција од Анкара доаѓа откако грчкиот министер за одбрана Панос Каменос се обиде да ги посети спорните острови, но, барем според турските медиуми, во наумот бил запрен од турската крајбрежна стража.





