Циметот е вкусен и здрав зачин кој ефикасно се употребува против многу болести и инфекции. Го подобрува варењето, здивот, позитивно влијае на меморијата, расположението и когнитивните способности. Но циметот има уште една позитивна страна – се користи во диетите за побрзо топење на килограмите.
Истражувањата докажаа дека континуираната употреба на екстракт од цимет кај гојазните луѓе предизвикува намалување на воспаленијата, подобрување на расположението и загуба на телесната маса. Циметот го регулира нивото на шеќерот во крвта, а помага и инсулинот поефикасно да делува.



Со намалување на шеќерот во крвта во комбинација со зголемено ниво на инсулин организмот побрзо ги топи килограмите.

Постојат многу начини да го употребувате циметот во диетата со намера да изгубите килограми. Наросете цимет во прав врз јаболката, францускиот тост, житарките или помешајте го со путерот од кикиритки, вкусен е и ако се додаде на варените јајца, а совршен е во филџан чај, млеко и кафе.