Македонија се најде на водечката листа на најзагадени држави во светот, а на врвот е и по користење цигари. Токму овие две појави се причина во земјава да има повеќе од 100 илјади заболени пациенти од хронична опструктивна белодробна болест. Честа кашлица,отежнато дишење, недостаток на здив и чувство на притисок во градите се најчестите симптомите кои треба да бидат црвен аларм граѓаните на време да се јават на лекар.
„Најчесто не ги забележуваат симптомите или ги игнорираат. Прв симптом е кашлицата и навситина треба веднаш да се дојде на преглед. Она што го гледаме како бројки и во ФЗОМ, мал број на овие луѓе се лекуваат и земаат лекови. Исто такак и загадениот воздух влијае лошо на луѓето со ХОББ“, вели доц. д-р Димитар Каркински директор на Институт за белодробни заболувања и туберкулоза.
Македонка Пангиева по направениот преглед доби препорака да замине на дополнителни испитување, бидејќи резултатот покажа низок капацитет на белите дробови. Таа ја знае причината за нејзината состојба – тоа се цигарите, ама тешко оди откажувањето.
„Пробувам да ги откажам ама тешко. Имам 75 години, а пушам 50 години’, расакжува скопјанката Македонка Пангиева.
Пулмолозите велат дека најважно за ХОББ е болеста да биде под конторла, и граѓаните да не пушат цигари. Според истражувањата, Македонија е меѓу првите три земји во Европа каде граѓаните пушат цигари. 45 % од возрасното население пуши цигари.
По повод денот на хронична опструктивната белодорбна болест институтот за белодробни заболувања организираше настан за подигање на свеста.Тим од медицински сестри правеа проверка на белодробната функцијата, а неколку граѓани од лекарите добија препорака да се јават во институтот за спирометрија.
Хронична опструктивна белодробна болест е група на белодробни заболувања кои го отежнуваат дишењето и истата се влошува со текот на времето. ХОББ не исчезнува, но постојат третмани кои може да ги ублажат симптомите, да го забават напредокот на болеста и да ја подобрат способноста да се остане активен. Во светот има 6,1 % заболени од ХОББ .






