Цените на недвижностите никако да паднат

Цените на градежните материјали имаат многу мало намалување објави Државниот завод за статистика, но од друга страна има раст на трошоците за работниците во градежништвото. Иако во Македонија платите се ниски, сепак, градежниот сектор не покажува знаци на стагнација, ниту пак знаци за намалување на цените на недвижностите, анализира Фактор. Мк ;Во второто тримесечје од 2024 година, во споредба со првото тримесечје од 2024 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,1 отсто, трошоците за материјали за 0,7 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 1,2 отсто – наведуваат статистичарите, но од друга страна многу поголеми се разликите ако се прави споредба на годишно ниво.



Имено, во споредба со вториот квартал 2023 година ;трошоците за материјали за 11,8 проценти, но трошоците за вработените се повисоки за 5,8 отсто.

Последните податоци на Народната банка пак покажаа дека цените на недвижностите во Скопје се зголемиле за високи 11,5 проценти во вториот квартал од годинава.

Цените на недвижностите во Македонија по почетокот на пандемијата, но особено по почетокот на војната во Украина значително пораснаа, што се должеше и на растот на цените на градежните материјали, но и на поскапувањето на работата рака.

По интензивниот период на поскапување на недвижностите, кој започна во четвртиот квартал од 2021 година, но продолжи и низ 2022 одина, лани беа забележани први знаци на стагнација на цените на недвижностите.

< Имено во првиот квартал од годинава растот на цените беше само 4,7 отсто, додека квартал претходно, или четвртиот кваратал од 2023 година растот на цените беше 6,9 отсто Претходните квартали беа забележани повисоки стапки на раст на цените на недвижнините, при што врвот беше достигнат во третиот квартал од 2023 година кога поскапувањата достигнаа 21,3 отсто.

Градежниците кои ги контактирале од порталот, велат дека нема простор за намалување на цените на недвижнините, нагласувајќи дека ниту цените на градежните материјали, ниту пак останатите трошоци не оставаат простор за поевтинување.

Извор: https://faktor.mk/ima-li-plafon-za-cenite-na-stanovite-nasproti-ochekuvanjata-nedviznostite-pak-poskapuvaat-