Цените мора да се објавуваат на интернет, казни до 10.000 евра – Дурмиши: За забелешките на трговците, средба со нив после празниците

Државниот пазарен инспекторат лови трговци кои ги зголемиле цените пред велигденските празници, но и лови кои трговци на мало не ги објавуваат цените на производите на нивните веб страници. Обврската за објавување на цените стартуваше денеска, а сите мали, средни и големи трговци на мало имаа 45 дена да се прилагодат на оваа обврска и да почнат да ја применуваат.



Министерот за економија, Бесар Дурмиши, ги отфрли барањата на дел од трговците за одложување на мерката, посочувајќи дека имаат и доволно време, и потребни ресурси – и материјални и човечки – за да ја спроведат. Сепак, остави простор за разгледување на забелешките кај таканаречените „гранични случаи“, особено кај фирмите во фармацевтската дејност кои тешко можат да се прилагодат брзо, бидејќи се блиску до законскиот минимум од 10 вработени.

„Имаа 45 дена време и ние не можеме да им дадеме некакво ветување или да дадеме збор дека можеме да направиме нешто што ќе биде спротивно на законот, како и да е, јас следнава недела ќе се сретнам и со нив и ќе ги сослушам нивните барања, имаат или немаат можност, причините зошто немаат, ќе дискутираме и ќе видиме како ќе постапуваме понатаму. Ќе кажам уште еднаш, не може да се постапува против законот, законот е веќе на сила, и тоа е за доброто на граѓаните, ние сме тука за нив, и сите големи, средни и мали трговци да го почитуваат, освен оние трговци кои имаат до 10 вработени.“, вели Дурмиши.

Целиот текст прочитајте го тука.