„Царството на апашите на Али Ахмети-пашата ја мина фазата на уривање, сега се соочува со целосно уништување!“ – порача преку својот фејсбук-профил Фатмир Лимани, потпретседателот на Беса, од коалицијата Вреди, кој е и министер за социјална политика, демографија и млади. Оваа објава на Лимани му е и порака и до неговиот вујко „Али Ахмети-пашата“, што го чека во периодот, кој ќе уследи!
Лимани пишува: За почеток ќе им бидат два енергетски проекта на бандитите на почетокот на овој век! Тие енергетски проекти се во сопственост на Ахметовци, Грубевци, Дехаровци и на зетовците од страна на сестрите, внуците и внуките, кои живеат во ‘Долината на празот’! Еден од тие проекти е „Енергетскиот парк’ на беглер-беговите и аристократи, кои присвоија имоти меѓу планинските масиви од Дебар до Кичево. Семејството на Ахмети купило и цело село од штипската страна, за да инвестира над стотици милиони евра во капацитети и таму од типот „Енерџи-парк“!





