Христијаните денеска слават Светол понеделник

Со Светлиот  понеделник, започнува Светлата недела односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето.



И во овој ден продолжува славењето на Неговиот живот, со гозби и дружење.

Доколку овој ден го поминете во веселба, радости и добро расположение, таква ќе ви биде и следната година, до наредните велигденски празници.

Вториот ден од Велигден е неработен ден во Македонија.

Христијаните се поздравуваат со „Христос воскресе – Навистина воскресна“ сѐ до Спасовден.