Хрватски шпиони биле инволвирани во студентските антивладини протести, тврдат српски медиуми блиски на владата на Српската напредна странка на претседателот Александар Вучиќ
,,Како што ексклузивно дознаваме, предводници на блокадата на Факултетот за организациони науки на Универзитетот во Белград се браќата близнаци Лазар и Лука Стојаковиќ, што е особено интересно со оглед на тоа што и двајцата се хрватски државјани”, пишува Новости според кој
Хрватските лидери на српските студентски протести е уште една потврда за силното хрватско влијание во обидите за дестабилизација на Србија.
,,Ова е уште една потврда за силното хрватско влијание во сегашните обиди за дестабилизирање на севкупната ситуација во Србија, особено преку бруталната злоупотреба на студентската популација и блокадата на нашите факултети и универзитети.
Потсетуваме дека во последните денови нашиот весник веќе објави за поголема група хрватски „студенти“, тесно поврзани и инструирани од хрватската тајна служба, Безбедносно-разузнавачката агенција (SOA), кои биле во Белград со цел да поттикнат тензии и ескалација на состојбите на блокираните факултети”, пишува весникот според кој ,,со решителната реакција на српската држава и нејзините институции, нивните планови „паднале во вода“, а оваа група недовршени работи, со адекватно збогување и традиционално српско гостопримство, смирено се вратија во Хрватска за да „пренесат поздрави до своите колеги. од СОА“.
,,Станува збор за таканаречените студенти кои на 28 декември, односно во саботата беа во зградата на Техничките факултети на Универзитетот во Белград. Лажни студенти, а всушност шпиони се Марко Јуриќ, Ела Кумер, Антионио Дамјановиќ, Марин Цапан, Катарина Пешиќ, Ловро Рагуз, Лука Задро, Карла Баричевиќ.
Најпознато име меѓу овие „студенти“ е Марин Цапан, претседател на невладината организација „Хрватска младинска мрежа“. Тие денеска одат во хрватската амбасада да добијат нови инструкции, а на Техничките факултети беа заедно со Олексеј Чумаков, кој се уште е таму”, пишува Информер.
Фото: Новости






