Хрватска: Загинати и повредени во судар на босански автобус и автомобил

Две лица загинале, а неколку други се повредени и пренесени во болница во судир меѓу автобус со босанска регистарска табличка и патничко возило што се случил рано утрово на автопат во Хрватска, јавува Индекс.хр.



Страшна несреќа се случила ноќеска околу 3 часот по полноќ откако автобусот се превртел.

Според последните информации, најмалку две лица загинаа, а повеќе се повредени.

Хрватските медиуми објавуваат дека повредените се префрлени во болниците во Сисак, Загреб и во Пакрац.

Сообраќајот во овој дел е во прекин, а според информациите, колоната на возила е долга неколку километри.