За закана од омраза на 10 месеци затвор е осуден 43-годишниот Б.В, од Загреб.



Против него е поднесена кривична пријава дека на 10 февруари годинава на Плоштадот „ Бана Јелачиќ“’ најпрвин уринирал во дворот на таа адреса, поради што му пришол косопственикот на блиската билна аптека А.К да го предупреди…
„Моч*м и ќе моч*м каде сакам, ова е мојот град“, одговорил Б.В.,

Според обвинението, Б.В., свесен дека А.К. е Албанец, па почнал да му вика поради неговата нетрпеливост кон Албанците:

“Што сакаш? …Јас многу добро знам кој си! Оди на Косово, Албанија, Ши*ац смр*лив! Ши*тарски срања, ќе ти е*ам мајката Ши*тарска! Ќе те убијам Ши*тар, јас сум БББ (член на навивачката група Бед блу Бојс на Динамо – н.з.) и сега ќе ги имаш сите БББ зад тебе што ќе те најдат и ќе те убијат смр*ливо Ши*тарчиште!“

По еден куп навреди, А.К го земал мобилниот телефон за да повика полиција, но кон него тргнал Б.В.

Откако една жена излегла од аптека, Б.В во неколку наврати и рекол дека е „албанска ку*ва“ и продолжил да му се заканува на А.К.

Признанието, каењето, извинувањето на обвинетиот и тоа што бил во алкохолизирана состојба биле олеснителни околности.

Судот како отежнувачки околности го зел предвид фактот дека насилникот Б.В. повеќе пати бил осудуван за насилство . Индекс.хр