Природните афродизијаци се секаде околу нас, а тоа може да се храната, растенијата миризливите масла. Стручњаците составиле список од продикти кои делуваат врз луѓето како афродизијак и кои можат да им го подобрат сексуалниот живот.



Остриги

Тие во својот состав изобилуваат со цинк, кој значително го зголемува либидото и нивото на тестостерон, што е клуч за издржливост и сексуална енергија. Покрај остригите, богати со цинк се: спанаќ, рак, црна чоколада и кикириките.

Авокадо

Уште од времето на Маите, авокадото било познато по својот ефект на зголемено либидо, еднакво и кај мажите и жените.


Манго и праски

Витаминот Ц, кој се наоѓа во големи количини во праските доведува до зголемување на бројот на сперматозоиди, додека мангото изобилува со витамин Е кој ја зголемува енергијата и издржливоста кај партнерот.

Чили

Можеби е големо изненадување, но чилито содржи хемиски состојки кои за кратко време откако се конзумира, стимулираат опуштање на ендорфин и предизвикуваат состојба на еуфорија. Метаболизмот и циркулацијата се зголемуваат значително, а тоа влијае на квалитетот на сексуалниот живот.


Чоколада

Таа се смета за еден од најголемите афродизијаци. За наша среќа, и највкусна е.