Македонија побарала помош од Косово за спроведување двојазичност во институциите во Македонија, по усвојувањето на законот кој овозможува поширока употреба на албанскиот јазик.
Косовскиот заменик-премиер Енвер Хоџај на денешната владина седница информирал дека помошта била побарана бидејќи Косово имало големо искуство со примената на два јазика – албански и српски, кои се официјални јазици.
Тој уште додал дека постои волја и Владата на Косово може да понуди таква поддршка.