Во Аргентина во ноември започнува, снимањето на филмот „Папа“ во продукција на Нетфликс. Ликовите на папата Фрањо и Бенедикт Шеснаесетти ќе бидат интерпретирани од Џонатан Прајс и Ентони Хопкинс.



Филмот го следи периодот од изборот на Бенедикт Шеснаесетти за папа до неговото повлекување од функцијата шеф на Римокатоличката црква и изборот на папата Фрањо, и ќе ги презентира разликите помеѓу двајцата и нивните остварувања.

Продумцијата Нетфликс со ова сака да го продолжи големиот успех на серијата „Младиот папа“. Филмот ќе го режира Фернан Меирелс. Хопкинс ќе го одигра папата Бенедикт, а Прајс папата Фрањо.

Прајс како папата Фрањо.

Хопкинс во улога на папата Бенедикт.