Познатиот камерман и сопруг на славната актерка Џулија Робертс, Даниел Модер деновиве беше на една од најубавите плажи на Јадранот, Зрче за да бара локација за снимање на неколку сцени од неговиот нов филм. Тој се одлучи за клубот Водолија, па со актерите наскоро ќе се пресели во Новаља.
Филмот ќе се снима во неколку европски локации, и го следи животот на еден диџеј.



Овие денови се повеќе се зборува дека и актер Леонардо ди Каприо неодамна го изнајмил малиот остров Ступе крај Корчула. Познатиот актер сакал да се забавуваат три дена, со цел да се релаксира и одмори од обврските на филмските сетови.

А островот Вис ова лето да го окупира тимот на “Mама Mиа 2”. Филмските работници овој викенд пристигнуваат на островот, каде што имаат месец и пол се да се подготви и на 5. септември се да биде средено за пристигнувањето на главните ѕвезди. Мерил Стрип, Аманда Сејфрид, Пирс Броснан и Колин Фирт ќе останат во Вис и Комижа еден месец. Постои можност тие да бидат сместени на луксузна јахта на која и ќе спијат.

Крајбрежјето на Јадранот успеа да фасцинира уште една холивудска актерка. Во јуни оваа година ѕвездата на серијата “ЦСИ: Мајами”,  Ева Лару заедно со нејзината ќерка ги посетија Сплит, Хвар, Корчула, Дубровник и Задар.


Со години во Хрватска доаѓа сам или заедно со своето семејството и познатиот актер Џон Малкович. Оваа година, Хрватска веќе ја посетија и други познати холивудски актери. Во февруари во Дубровник се снимаше Робин Худ во кој глуми Џејми Фокс, но тој во Дубровник не минал најдобро. Фокс доживеал непријатности кога со колегите посетиле еден познат ресторан, и во него актерот бил нападнат од страна на двајца пијани Дубровчани. Познатиот пејач и комичар не дозволил овој настан да му го расипе впечатокот за Хрватска, па на социјалните мрежи веднаш напиша “Јас сум во Хрватска, лудо е, но недоразбирањето e надминато. Овде е сепак, прекрасно”, смируваше популарниот актер.

.