„Артан Груби ми беше професор по новинарство, тој може да предава само како да се краде од државата“, рече Бленди Ходаи.
Бленди Ходаи директор на Форумот за образовни промени, зборуваше за високото образование во државата. Тој во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека наставните програми мора да се сменат, но и дека нашите Универзитети произведуваат само дипломи, а не квалитет.
„За жал ние имаме Универзитети кои произведуваат само дипломи, но не и квалитет. Тоа што се произведува од Универзитетите, не се компететни кадри. Тоа значи дека нема квалитет во високото образовение. Мислам на сите Универзитети, идејата е само да завршиш четири години, да ти дадат диплома и толку“, рече Ходаи.





