Најдобриот денеска во ракометниот тим на Македонија, Филип Кузмановски, скромен во изјавата по победата над Црна Гора од 29:28 и изборот за МВП на мечот.
„Прво да ѝ честитам на Црна Гора за фер и коректната игра. Мислам дека првото полувреме го почнавме во грч како со Словенија, но на полувреме ги поправивме тие грешки и се договоривме како да се игра во одбраната и паметно во нападот“, изјави Кузмановски по средбата.
На прашањето дали го слушал Борко Ристевски преку целиот меч, Кузмановски вели: „Постарите морам да ги слушам. Тоа е најбитно, постарите да се слушаат“.





