Шиитското свижење Хезболах ја потврди смртта на својот лидер Хасан Насрала по израелски воздушен напад.
Ветија дека ќе продолжат да се борат против Израел, пренесе Скај Њуз.
Во соопштението се вели: „Раководството на Хезболах се обврзува на највисокиот, најсветиот и најскапоцениот маченик на нашиот пат полн со жртви и маченици, да го продолжи својот џихад во соочувањето со непријателот, поддршката на Газа и Палестина и одбраната на Либан и неговиот непоколеблив и чесен народ.“





