Аналитичарот Џевдет Хајредини се исмева со пораката на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој вели дека „никогаш нема да се откажеме од европската иднина и имаме уште две недели да ја испратиме пораката…“



„Ако пораката дека никогаш нема да се откажете од европската иднина, до секој град, село, куќа и до секој граѓанин ја испратите со пошта и железница, за две недели сигурно нема да стигне и секој граѓанин не ќе знае дека единствениот начин за вистинска и суштинска промена е европската интеграција“, забележува саркастично Хајредини и додава:

„За потсетување:
Заев своевремено во Европа не сакаше да оди без Шилегов, затоа се врати во Струмица“.