Аналитичарот и поранешен министер за финансии Џевдет Хајредини реагира на „објаснувањето“ на сега веќе бившиот премиер Димитар Ковачевски околу доцнењето на изградбата на автопатот Кичево-Охрид.



„Според Ковачевски, изградбата на автопатот Кичево-Охрид доцни и после 10 години, не се знае кога ќе заврши, како што кажува, поради лошиот проект.

Затоа, изградбата на делницата Гостивар-Кичево, со коруптивен и таен договор со „Бехтел и Енка“, кој не се крие, ама и не може да се гледа, трипати почна да се гради без проект.

Инаку, познато е дека од СИНОХИДРО (…), Груевски зеде близу 30 милиони евра провизија.

Не се знае сè уште колку изнесува провизијата од „Бехтел и Енка“, објави на Фејсбук Хајредини.