Поранешниот министер за финасии и аналитичар Џевдет Хајредини со загадочна објава на Фејсбук во врска со „инцидентот“ со косовската претседателка што предизвика бура на „воинствени“ реакции во Косово, но и во некои овдешни кругови.
„Инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром е направен без причина, но не и без цел“ вели Хајредини, но не ги открива ни „причините“ ни “целта“.
По реакциите на колумнисти, аналитичари, екс функционери и реакции од косовското МНР и тамошното претседателство, последна вест е најавата дека косовскиот премиер Албин Курти утре доаѓа во Македонија на средба со премиерот Христијан Мицкоски.






