„Лажат дека се за интеграција во ЕУ и “европски фронт”, тие што го изменија Кривичниот Закон, со што на криминалците кривичните дела им застареа и украдените милиарди им останаа, тие што ја забранија објавата на десетици иљади “бомби” за кривичните дела врзани и кои произлегуваат од тајните прислушувања, тие што го укинаа СЈО, тие што не спроведоа ниедна препорака на Прибе, тие што се причина за постојаниот пад на владеењето на правото и против посветеноста на Македонија за членство во ЕУ, како што, со право, нагласува холандскиот амбасадорот Дирк Јан Коп, тие што вршат притисок врз Врховниот Суд за на власт да го вратат Никола Груевски, тие што ветија дека ќе ги рушат, ги легализираат на узурпирано државно земјиште диво изградените објекти, тие што го загрозуваат воздушниот сообраќај над Македонија, главниот кој одлучува и не сноси одговорност, тие што тврдат дека реформите и борбата против криминалот и корупцијата не биле и не се можни пред да почнат преговорите со ЕУ, тие што го злоупотребија европското знаменце за да склучат корупциски договор за изградба на пат во четири очи, тие што ветија дека ќе ја намалат, државната администрација и ја зголемија со свои роднини и партиски членови, тие што го кријат писмото за да не постапуваат според барањето на Советот на Европа за преиспитување на хашките предмети, тие што се против барањето на ЕУ да се санираат последиците од измените на Кривичниот Законик, тие што не го расчистија корупцискиот скандал со Дојче Телеком тие што ветуваат дека ќе градат “коридори” и железници, за 6 години не се знае дали ќе ја завршат изградбата на само 2 км. од делницата долга 12,5 км на автопатот до Блаце, што ќе чини скоро 30 милиони евра“.
ФБ Статус на екс-министерот за финасии и аналитичар Џевдет Хајредини






