Хајдари: Вучиќ и Дачиќ инсталираат сценарио за поширока дестабилизација на Р*М и судир меѓу владите на Курти и Мицкоски!

„На министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ во овој момент не му треба само војник на ОВК, туку и отворање еден тивок судир меѓу владите на Албин Курти и на Христијан Мицкоски. Идејата за ‘дестабилизација на Р*М’ не е само обичен и локален инцидент, туку сценарио со регионални размери. Дачиќ инсталира сличен судир и со владата на Албанија.“ – тврди Фејзи Хајдари, новинар и издавач на весникот на албански јазик „Лајм“, во објавата на својот фејсбук-профил.

Хајдари натаму пишува: Со доаѓањето на Курти на чело на Албин Курти на чело на извршната власт во Косово Србија ја загуби контролата врз политичката каста во Прешевската долина, а пред неколку месеци и врз политичката каста во Македонија.

Сега следната битка на Албин Курти ќе биде да го задржи своето влијание во градењето на односите со Прешевската долина и * Македонија, а ако може и да ја ослабне улогата на Србија на Вучиќ во изградбата на политиките во Албанија во однос на Косово.
Несреќата од кобните сценарија Дачиќ-Вучиќ ја потпомагаат и одредени структури на албанската политика во * Македонија, нешто што досега не е видено кај Албанците од Македонија.