„Албанците направија повеќе одошто е доволно за вас, но проблемот е што направивте вие! Албанците ви веруваа 20 години, но вие ја изневеривте нивната доверба. Албанците не ве отстранија, бидејќи погрешно ве разбраа, но веќе ве препознаа кои сте вие! Видоа кои сте и какви сте, дека сте слуги на лични и клановски интереси, а не на Албанците!“ – со оваа остра критика кон ДУИ – партијата на Али Ахмети и неговите функционери се огласи Башким Хасани, висок функционер во партијата Демократско движење на Изет Меџити, од коалицијата Вреди, и директор на Јавното претпријатие Пасишта. Објавата на Хасани ја пренесоа весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик во Македонија.
Хасани во својот напад кон ДУИ, но и поодделно кон Артан Груби и неговите приврзаници-артанисти, дополнува: Потсетување за сите:
Комплекс Соравија, среде Скопје, сопственост на кланот, кој ја контролира артанистичката политика.
Лотарија, проект дизајниран да ги збогати членовите на овој клан.
Спасители на Мијалков.
За да ги спасат своите артанисти, прифаќаат дури и братоубиство, бидејќи за нив клеветата и лагата се ситна работа!





