Харадинај од Алијансата за иднината на Косово: Во Р*М се кршат рамноправноста и правата на Албанците, но Курти не се вознемирува!

„Во * Македонија се кршат рамноправноста и правата на Албанците, но Курти не се вознемирува, поради тоа!“ – изјави Даут Харадинај, член на претседателството на косовката партија Алијанса за иднината на Косово. Тој посочи дека „на Курти му поминало времето на манипулирање и во Косово и во другите земји“. Ова го објави ТВ 21.

„Албин Курти не му верува на уставниот суд на сопствената држава, туку има доверба во уставниот суд на соседната држава. Во * Македонија се кршат рамноправноста и правата на Албанците, а Курти наместо да ја изрази вознемиреноста на Косово, поради оваа неправда, се обидува да се извади со некои лицемерни формулации, спомнувајќи го Уставниот суд.“ – нагласи Даут Харадинај.

„Премиере Курти, ти помина времето на манипулирање и во Косово, но и каде било!“ – му порача Даут Харадинај на косовскиот премиер Албин Курти по денешната средба на владите на Македонија и Косово, одржана во Приштина.