Приштински „Газета Експрес“ тврди дека одбивањето виза од Амбасада на САД за косовскиот премиер Рамуш Харадинај е од причини што неговото барање оди преку постапка за барање виза што важи за поранешни припадници на Ослободителна војска на Косово.
Премиерот Харадинај, преку Фејсбук, објави дека не добил виза да оди во Америка.
Ова веднаш беше коментирано како казна дека САД го дисциплинираат непослушниот премиер кој се спротивставува на она што го предлагаат Американците.
Канцеларијата на премиерот соопшти дека на Харадинај не му била одбиена виза поради политички причини, туку поради тоа што тој аплицирал доцна.
„Експрес“ дознава дека доцнењето во издавањето виза е поради постапката преку која мора да помине премиерот.
Оваа процедура трае околу 5 недели.






