Српските опозициски пратеници денеска фрлаа димни бомби во парламентот протестирајќи против владините политики и изразувајќи поддршка за студентите кои протестираат со месеци.
Почетокот на седницата од која имаше пренос во живо го одбележа хаос во салата, со фрлање димни бомби, а според дел од српските медиуми дошло и до тепачка меѓу пратениците.
Пратениците од опозицијата развирија и транспарент со натпис „Србија се крева за да падне режимот“ и го држеа српското знаме.
Собраниската сала бешеполна со чад, а јајцата летале низ просторијата за време на инцидентот.
Претставниците на владејачкото мнозинство и одговорија на опозицијата со извици „усташи“ и вееја српски знамиња. Имало меѓусебно гаѓање со шишиња вода, при што еден пратеник бил погоден во главата.
Еден претставник е пренесен со возило на брза помош. Брнабиќ: Се бори за живот
„Работата и борбата ќе победат. Добро е што го покажавте своето вистинско лице. Сакате да дојдете на власт со солзавец“, рече претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, додавајќи дека пратеничката на СНС Јасмина Обрадовиќ била погодена во главата и била пренесена со возило на брза помош по што, според Брнабиќ, таа добила мозочен удар и нејзиниот живот е во опасност.
„Можете да н’е убиете само ако сакате да не спречите да работиме“, рече таа, обраќајќи ѝ се на опозицијата.
„Можевте да ги однесете јајцата во семејство наместо да ги фрлате во слабост и ароганција“, додаде шефицата на парлемантот Брнабиќ.
OVA SKUPŠTINA će nastaviti da radi pic.twitter.com/j7fUUm9O2o
— Jovana Polic (@JovanaPolic) March 4, 2025






