Дербито број 156 меѓу Црвена Звезда и Партизан од фудбалскиот шампионат на Србија заврши со 1-1, но тоа што се случуваше на терен беше во длабока сенка на „тепачката“ што се случи на трибините во 40 минута. Таа избила на партизановиот „Југ“ каде дошло до масовен инцидент по кој има повредени, изгорени, но и „расоблечени“ навивачи кои биле спасени од линч со интервенција на полицијата. За сега никој не може точно да соопшти за што се работи. Една верзија е дека навивачи на Црвена Звезда се обиделе да украдат знамиња, па настрадале, друга дека дошло до борба за превласт на фракциите кај „гробарите“, а третата е дека криминалци упаднале на трибината да делат правда, па се судрила со воинствените фанови.
Инаку еден навивач е во болница заради изгореници, а многу веројатно ќе има и други.
https://youtu.be/L5oB1otKRZI
https://youtu.be/kTaotkJAhG0






