Колкав е хаосот во македонското јавно обвинителството кое е понижено и од ,,Црната листа” на САД со најновиот феномен:
Фантомска ,,позајмена обвинителка за организиран криминал”.
Обвинителката која меѓу другото го води и случајот против д-р Жан Митрев, Искра Хаџи Василева од страна на Државното Јавнот обвинителство е префрлена од Скопското обвинителство во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Ова беше соопштено од Јавното обвинителство уште во февруари по што Хаџи Василева требаше да работи случаи од организиран криминал.
Но таа сепак била присутна на последното рочиште во случајот на д-р Митрев, одржано на 13ти март каде обвинителката Хаџи Василева со статус ,,позајмена” повторно се појавила како обвинител.
Хаџи Василева своето својство на ова рочиште го поткрепила со објаснување дека таа е само „позајмена“ во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Ова за expres.mk го потврдуваат извори во Јавното обвинителство.
Проблем за обвинителството и Хаџи Василева е што соред Кривичниот законик, статус „позајмена“ обвинителка не може да има, не постои и ваквиот назив и функција не е правно и законски оправдана.
Зошто и покрај непостоењето на оваа функција, обвинителката Хаџи Василева останува како обвинител во случајот против д-р Митрев е целосно нејасно.
Предходно кога други обвинители биле прераспоредувани во други обвинителства тие биле заменети со други обвинители но овде не е таков случајот.
Тоа ја отвара дилемата дали можеби кај обвинителката Хаџи Мишева постојат лични мотиви да продолжи да го води овој случај?
Според законот Основното обвинителство и Обвинителството за организиран криминал и корупција се сосема различни и подлежат на различни принципи на водење на случај, на поткрепување на доказите и потврдување на фактите.
Доколку обвинителот е припадник на обвинителство за криминал и корупција не може да води случај којшто не е покренат од обвинителен акт за организиран криминал и корупција.
Случајот на д-р Жан Митрев е покренат од Основно обвинителство и се води под обвинение за направена измама на пациенти и доведување во заблуда, што нема никакви допирни точки со организиран криминал и корупција.
Зошто и како тогаш позајмена обвинителка за организиран криминал што всушност не постои, се уште го води овој случај?
Можните одговори на ова прашање имаат широк дијапазон, од лична страст и интерес на обвинителката за прогон на Жан Митрев па се до бизнис интереси на луѓето од политиката и бизнисот кои што сакаа да ја преземат ,,Клиниката Жан Митрев”.
Одговорот покрај другото може да го даде и ,,позајмената” обвинителка.
Г. М.





