Британецот ја освои четвртата титула во шампионатот откако во трката за Големата награда на Мексико се стекна со недостижна разлика во однос на главниот конкурент Себастијан Фетел. Членот на Мерцедес заврши на 9. место, а стана шампион затоа што Германецот од тимот на Ферари заврши на 4. позиција. Така на две трки до крајот на шампионатот Хамилтон има недостижни 56 бодови предност во генералниот пласман, пред второпласираниот Фетел (1. Хамилтон 333 бода, 2. Фетел 277, 3. Ботас 262).
Инаку победник во Мексико беше Макс Верстапен од Ред Бул и за него ова е трет триумф во кариерата и втор оваа сезона. На победничкиот подиум се најдоа уште и Велтери Ботас од Мерцедес и Кими Раиконен од Ферари.
Следната, а тоа е претпоследна трка од СП е закажана за 12 ноември во Бразил.




