Хамас денеска ги врати телата на двете деца кои беа земени како заложници во нападот на 7 октомври 2023 година, објави Ројтерс.
Палестинската група соопшти дека телата на двете момчиња – деветмесечно бебе и едно четиригодишно дете – и нивната мајка, Шири Бибас, заедно со четвртиот заложник, Одед Лифшиц, ќе бидат предадени на 20 февруари според договорот за прекин на огнот во Газа.
Во кратката изјава, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека денеска „ќе биде многу тежок ден за државата Израел. Ден на жалост“.
Во ноември 2023 г Хамас соопшти дека мајката и нејзините две деца биле убиени во израелски воздушен напад, но нивната смрт никогаш не била потврдена од израелските власти.
Таткото на двете деца беше вратен во претходна размена на заложници овој месец.






