Израелската армија објави дека Хамас предал четвори заложници.
Станува збор за војниците Лира Албаг (19), Даниела Гилбоа (20), Карина Ариев (20) и Наами Леви (20).
„Четирите заложнички моментално се придружувани од специјалните сили на IDF и силите на ИСА на враќање кон израелската територија, каде што ќе им биде извршена првична медицинска евалуација“, објавија на X.
„Командантите и војниците на израелските одбранбени сили ги поздравуваат и пречекуваат заложниците кои се враќаат дома во Израел“, додаваат тие и побарале почитување на приватноста на заложниците и нивните семејства.






