Хамас ослободи уште тројца израелски заложници (ВИДЕО)

 

Денеска Хамас ослободи тројца израелски заложници – Александар Труфанов, Јаир Хорн и Сагуи Декел-Чен – предавајќи ги на работниците на Црвениот крст во Кан Јунис на југот на Појасот Газа.



По завршувањето на формалностите, заложниците биле префрлени во возила на Црвениот крст, кои ги однеле кон израелската армија. Армијата ќе ги земе на друга локација во Газа, а потоа ќе ги врати во Израел, каде ќе им биде извршен медицински преглед.

Официјалниот момент на предавање бил во 9:06 часот, кога претставници на Хамас и Црвениот крст ги потпишаа потребните документи.

Примопредавањето на заложниците се случи непосредно пред истекот на рокот што Израел го постави за ослободување на заробените граѓани.

Израелските власти претходно јасно ставија до знаење дека во случај на неисполнување на договорот, повторно ќе ги интензивираат воените операции во Газа.

Предавањето на тројцата заложници е дел од договорениот прекин на огнот, кој може да биде доведен во прашање доколку преостанатите заложници не бидат ослободени во договорената временска рамка.