Фрапантни искази за злоупотреби на тајна служба од Пендаровски (ВИДЕО)

Фрапантни искази за злоупотреби на тајната служба која ја контролира Стево Пендаровски објави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски на трибина пред конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Македонија.



Николовски на трибината објави низа инфоцмии за работата на Агенцијата за разузнавање меѓу другото и за следење на високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас сум познат како еден гласен критичар на работата на Стево Пендаровски, се работи за најбезличниот човек кој што седнал таму. Пет години ќе му останат запаметени по ништо.

Веројатно сличен на него е само доскорешниот премиер Димитар Ковачевски кој што месец дена не е премиер, а луѓето не се сеќаваат дека воопшто бил премиер. Така нешто ќе биде и со Стево Пендаровски“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски додаде дека овие пет години освен за аналитички ставови кои што се менуваа како што дуваше ветрот, односно како ќе му јавеа од СДС и од ДУИ, не може да се запамети по ништо друго.

„Остана до денес неодговорено каде ја донира разликата од покачената претседателска плата, затоа што нели тој беше најпаметен од сите па во јавност се фалеше дека не му треба разликата од платата и дека ќе ја донира. Ама до денес не покажа каде ја донирал и на кого ги префрлал тие средства кои што нели на него не му требаат“, потсети тој.

„Во таа насока формата преку која што тоа го правеше и злоупотребуваше е токму Агенцијата за разузнавање. Агенцијата треба да е очи и уши на безбедноста на Македонија надвор од државата, да препознава закани кои што доаѓаат од други држави кон Македонија, да работи на територија на други држави и да ги препознава тие закани и да информира до дипломатско конзуларните претставништва, и до соодветните институции во Македонија за тие закани. Но, наместо тоа Агенцијата се претвори во една збирштина која што пола ден се занимава со озборување најчесто неточно,  а другиот пола ден се занимава со фабрикување на извештаи што ги испраќа кај стигне, 99% исто така неточно“, укажа Николоски.

Тој посочи дека Агенцијата за разузнавање на овој начин целосно го крши законот. И за тоа ќе има одговорност после 12-ти мај. Затоа што формално промената на претседателското место ќе се случи на 12-ти мај. И сериозно ќе се испита како е злоупотребена работата на Агенцијата. Бидејќи истата таа Агенција е злоупотребена да се прислушкуваат високите органи на ВМРО-ДПМНЕ”, предупреди Николовски.