Одбојкарите на Франција триумфираа во Светската лига откако во финалето утринава го совладаа домаќинот на завршниот турнир Бразил со 3-2 (21:25, 25:15, 25:23, 19:25, 15:13). Ова е втор трофеј за триколорите во последните три години по таа во 2015. година која ја совладаа Србија. Во мечот за третото место на фудбалскиот стадион во Куритиба пред 23 илјади гледачи, Канада славеше со 3-1 против САД.
На Французите кои го имаа неверојатниот Ервин Нгапет кој освои дури 29 поени, а му помагаше Стефан Бојер им припадна парична награда од 1 милион долари додека Бразил и покрај поразот останува најтрофејниот тим во Светската Лига со 9 титули, една повеќе од Италија.






