Фото на денот: Фудбалскиот бисер од Австралија со македонско потекло Зак Лисолајски со Сонцето од Кутлеш

Зак Лисолајски, еден од најголемите фудбалски таленти во Австралија, кој со своите 18 години веќе има седум настапи во елитната А-лига за Вестерн јунајтед и кој од 1 јули па во следните две сезони ќе го носи дресот на А-лигашот Перт глори, не го заборава своето македонско потекло.



Централниот дефанзивец кој веќе одигра два меча за репрезентацијата на Австралија до 20 години во фотографијата на денот позира со Сонцето од Кутлеш, симбол на македонското национално знаме и прво на независна Република Македонија.