Фото на денот: Реплика од фреската „Христос пред Пилат“ од црквата „Свети Никола“ во Варош во домот на Мико во САД

На Велипеток, најтешкиот ден од Страдалната седмица за христијанските верници, поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, на својот налог на Твитер сподели реплика од фреска од македонска црква во неговиот дом во Тусон, Аризона.



На неа е претставен Исус Христос пред управителот на римската провинција Јудеја од 26 до 36 година од нашата ера, Понтиј Пилат, во времето на императорот Тибериј. Според Библијата, Пилат го осудил Христос на смрт со распнување на крст, а подоцна, не можејќи да се избори со депресијата и анксиозноста од пресудата се самоубил од срам.