Благодарејќи на објавата на Твитер од неговата сопруга Ганка Цветанова, Македонија доби и визуелна потврда за најновиот подвиг на македонскиот кардиолог Сашко Кедев, кој во петокот се искачи на планинскиот врв Шишапангма, висок 8.027 метри, негов 12. од вкупно 14 над 8.000 м во светот.
„Под големото водство на MingmaG, @14peaks и @Imaginetrek, Сашко Кедев #Македонија го искачи врвот Шишапангма 8.027м, неговиот 12/14 🗻. Секоја чест за сите“, твитна Самоиловска за успехот на третиот Македонец што во 2009 година се искачи на највисокиот врв на планетата, Монт Еверест (8.848 м).





