Со глетка како од депонија – неколку дена се будат граѓаните на делови од општина Центар. Ѓубре насекаде, расфрлени ќеси покрај контејнери, отпад кој ги привлекува бездомните кучиња да бараат храна.

Реагираше и општина Центар. Прстот го впери кон Град Скопје. Велат Данела Арсовска барем еднаш да си го исчисти ѓубрето, и порача Герасимовски на скопската градоначалничка. Од Град Скопје, кој треба да ги чисти контејнерите во Центар, како по обичај одговор нема. До кога? Најверојатно уште неколку месеци, до следните локални избори.
Незадоволството на скопските општини од работата на Комунална хигиена трае веќе подолг период, а кулминираше со состанок на градоначлниците минатото лето, од кој најави дека ќе бараат разформриање на претпријатието и преземање на надлежностите.

Сепак, од ЈП Комунална хигиена постојано уверуваат дека навремено чистат, а и денеска се пофалија дека викендов исчистиле 50 кубни метри отпад од диви депонии низ општините Чаир и Карпош.
Несобирањето на ѓубрето во Скопје, не е новитет. Граѓаните на социјалните мрежи континиурано објавуваат фотографии од неодржување на хигиена и нечисти улици. До кога здравата животна средина ќе биде само мисловна именка за скопјани?





