Фотомонтажа на денот: Што „продаваше“ коалицијата „Европски фронт“ во Собранието

„Твитер герилата“ реплицира со фотомонтажа на перформансот на пратеници на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ на денешната седница за пратенички прашања во Собранието.



„Продавам ‘голф двојка’ ГТИ“, вели фотомонтираниот натпис на транспарентот што од едната страна го држи ексминистерот за земјоделство и потоа за животна средина Садула Дураку алијас „командант Вентили“.

„ДА за Европа, НЕ за Русија“, „Без етничка припадност нема Охридски договор“ и „Рацете подалеку од албанскиот јазик“ се пораките од оригиналните транспаренти само на албански јазик, со кои се „истакнаа“ пратениците од коалицијата предводена од лидерот на „зелените“ Али Ахмети.