„Фол“: Ниеден од пратениците-Албанци и од опозицијата и од власта нема да гласа за разрешување на Африм Гаши

„Ниеден од пратениците-Албанци во Собранието на * Македонија нема да ја поддржи интерпелацијата – барањето за отповик на претседателот Африм Гаши.“истакнува информативниот портал на албански јазик „Фол“.



Натаму „Фол“ пишува: Пратениците-Албанци од различни политички партии и од опозицијата и од власта изјавија дека интерпелацијата ја сметаат како противалбанска и оти нема да поддржат разрешување Албанец од оваа функција, и покрај недоразбирањата меѓу власта и опозицијата.

Илире Даути од Алијансата за Албанците на Зијадин Села посочи дека нема да гласаат за разрешување на Гаши.

Нема да гласа за разрешување ниту пратеникот-Албанец од СДСМ Фатмир Битиќи.