„Зијадин Села и Весел Мемеди се подготвуваат за формирање нова албанска политичка партија. Неофицијално веќе го избрале името и таа ќе се вика ‘Албанска преродба’. Нив двајцата ќе ги обедини и таа партија ќе ја формира лидерот на ДУИ Али Ахмети, за да му се придружат потоа на неговиот ‘Европски фронт’.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својата информација со наслов „Зијадин Села заедно со Весел Мемеди планираат нова политичка партија, дали ги обединува ‘Главниот-Стариот’?!“.
„Фол“ пишува: Нашата редакција дознава од политичките кулоари дека Зијадин Села се обединува со Весел Мемеди. Весел Мемеди ја однесе пред осум години во стечај партијата Албанска демократска преродба на поранешниот гостиварски градоначалник и претходен лидер на таа партија Руфи Османи. Зијадин Села ја загуби Алијансата за Албанците од Арбен Таравари, односно низ судењата во домашните судови. Сега преку формирањето на новата албанска партија Села и Мемеди ги обединува оној, кому тие двајцата му беа „заколнати“ – „Главниот-Стариот“, лидерот на ДУИ Али Ахмети!
Ваквата иницијатива за повторно спојување на Зијадин Села Села со Весел Мемеди, кои некогаш беа на „меден месец“ за едно кратко време, се докажува со фактот што вчера Села престојуваше во Гостивар и оствари неколку средби. Меѓу тие средби беше и средбата со Весел Мемеди, кој е се уште во овој момент амбасадор на * Македонија во Рим, во Италија, Но се очекува Весел Мемеди набргу да биде разрешен, поради неколкуте скандали, кои ги предизвика, особено скандалот со личните документи, за што беше повикан на информативен разговор од новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Ова повторно обединување на Села и Мемеди, кои им служеа за цело време на ДУИ и на Али Ахмети, се случува во моменти кога албанската коалиција Вреди секој ден станува се посилна и кога тие се претставници на Албанците во Владата на * Македонија. Не се знае, но се очекува новата партија да му се придружи на оној, кој ќе ја основа, односно на Али Ахмети и на таканаречениот мултиетнички опозициски Фронт.





