По денешното самоубиството на обвинетиот Слободан Праљак, кој испи отров во судницата на Хашкиот суд, поранешната портпаролка на Трибуналот, Флоренс Артман, изјави дека „ова е втор пат недозволени средства да влезат во Трибунало“ и дека тоа прв пат беше во случајот на Слободан Милошевиќ.
„Тогаш не го видовме тоа, а тој земал противлек кој го поништувал дејството на лекот за висок притисок.
Шокантно е што ова се случи и не знам како безбедноста не го спречи, бидејќи знаеја да скокнат на мене“, додаде таа.
Моментот кога хрватскиот затвореник Слободан Праљак испи отров во хашката судница, фрли сенка врз последната пресуда на Трибуналот, а останува прашањето како воопшто беше внесено шишето.
Новинар кој известувал од Хаг за Б92, вели дека безбедносните мерки за влез во галеријата се ригорозни, а особено при влез во судницата.
Хартман беше портпаролка на обвинителката Карла дел Понте од 1999 до 2006 година и во 2009 година беше обвинета за распространување тајни докази за процесот против Слободан Милошевиќ.
Доверливите информации биле објавени откако Хартман веќе не била портпарол на Дел Понте во 2007 година и 2008 година во нејзината книга „Мир и казна“.
Видеото од денешното самоубиство е подолу.




