Црвено-црните се на 237 позиција на респектибилната листа како најдобар наш претставник, а со скокот од 62 места тие се и екипа со најголем напредок на овој рејтинг за тековната седмица во која дури 70 тимови од континентот имаа настапи во некој од двата Европски купа.
Нерешените 1-1 со Розенборг означија крај на извонредниот настап на македонскиот првак во ова издание од Лига Европа, без оглед на тоа што црвено црните до синоќа имаа пет последователни порази во групната фаза, но скопското реми има директно влијание на напредокот.
Зад Вардар од нашите е Шкендија на 278, па Работнички на 292 место, а Пелистер е на 364 позиција.
Напред на УЕФА листата се: Реал Мадрид, пред Барселона, Баерн, Атлетико Мадрид и Јувентус.